ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Помошта од УСАИД за микропретпријатијата се проширува во североисточниот регион

on .

Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го одбележа денеска во Куманово проширувањето на услугите на центарот во Велес во североисточниот регион. Персоналот на проектот ги претстави услугите што сега ќе бидат достапни за микропретпријатијата во регионот, зборуваше за влијанието што проектот го имаше врз микропретпријатијата од вардарскиот и од источниот регион и ги охрабри присутните претставници на микропретпријатијата да се вклучат во проектот.

„Микропретпријатијата се признати во целиот свет како важни елементи на националните економии кои придонесуваат значително кон зголемување на вработувањето и намалување на сиромаштијата“, рече директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стаин. „Иако пазарот на јавни набавки се проценува на околу 1,2 милијарди долари годишно, микропретпријатијата традиционално не учествуваат во него. Ние сакаме да го промениме тоа“.

Со проширувањето на услугите во североисточниот и во југоисточниот регион, проектот на УСАИД ќе нуди обука, секојдневна техничка помош, како и информации за 300 микропретпријатија од 35 општини. Покрај тоа, на повеќе од 300 локални договорни органи ќе им предлага конкретни мерки за намалување на тековните административни оптоварувања и други пречки со кои се соочуваат микропретпријатијата.

Печати
PDF

Најнови резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 20 мај 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од Mониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од октомври до декември 2013 година, како и Индексот на рационалност бр.10.

Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се:

  • Конкуренцијата во јавните набавки во 2013 год. остана ниска. Просечниот број на добиени понуди на тендерите во 2013 година во мониторираниот примерок од 160 тендери изнесува 2,6. На повеќе од една третина од тендерите учествувала само по една фирма.
  • И по шест години од примената на Законот за јавни набавки (ЗЈН) дел од институциите и натаму постапуваат спротивно на ЗЈН, а фирмите не ги знаат своите права во однос на правната заштита.
  • Преку постапката со преговарање без објавување оглас во 2013 година се склучени 1.368 договори во вредност од околу 81 милион евра.
  • Во 2013 година поништени се 22,7% од тендерите. Притоа, почесто се поништувале тендерите со поголема вредност од оние со вредност до 20.000 евра.
  • Продолжува неколкугодишниот тренд на намалување на бројот на жалби што фирмите ги доставиле до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Секоја трета жалба на фирмите е усвоена при што доминираат решенија за целосно поништување на тендерите.

Печати
PDF

Малите фирми сметаат дека задоцнетото плаќање, кратките рокови и условите за учество се главни проблеми во набавките на локално ниво

on .

СКОПЈЕ, 12 мај, 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2013 година кој ги покажа следниве констатации:

  • Електронската аукција, иако е законски задолжителна, не се одржала во 53% од мониторираните тендери, главно поради тоа што на тендерот имало или останала само една понуда.
  • Во 41% од мониторираните тендери доцни објавувањето или никогаш не е објавено известувањето за склучен договор.
  • Во дури 53% од мониторираните постапки за јавни набавки, набавувачот, односно државната институција поставила услови за фирмите за учество на тендерите што можат да се сметаат за несоодветни или непропорционални со предметот или вредноста на набавката.
  • Не ретко во мониторираните постапки за јавни набавки на локално ниво се случува рокот на плаќање да биде еден од елементите кој одлучува која фирма да го добие тендерот.
  • Задоцнетото плаќање, кратките рокови за доставување понуди, ограничувачките услови и административни товари за учество на тендерите, недоволната и ненавремена комуникација со договорните органи и давањето приоритет на цената наспроти квалитетот во јавните набавки се дел од проблемите со кои се соочуваат малите и микропретпријатија при учество на тендерите на локално ниво. Претставниците на овие фирми предлагаат продолжување на роковите, навремено плаќање за извршените набавки, поделба на тендерите на делови, но и зголемување на професионализмот на договорните органи при составување на тендерските документации и технички спецификации.

За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 31 јануари 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од јули до септември 2013 година. Некои од клучните наоди се:

  • Во речиси една третина од мониторираните тендери, договорот за јавна набавка е склучен со фирмата што се јавила како единствен понудувач. Во вакви услови, тендерот не завршува со електронски натпревар за намалување на цените преку т.н. е-аукција. Оттука, во овие постапки постои зголемен ризик договорот да е склучен по повисоки цени од реалните на пазарот.
  • Дел од договорните органи продолжиле да користат елементи за бодување на понудите кои не гарантираат објективен избор на најповолната понуда. Регистрирани се случаи на доделување бодови на понудувачите со кои договорниот орган и претходно имал договори за јавни набавки, како и повеќе примери на отсуство на јасна методологија за делење на бодовите за квалитет.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапката со преговарање без објавување оглас во третото тромесечје од 2013 година изнесува 21,3 милиони евра, што е за 52% повеќе од истиот период лани. Сумарно, во првите 9 месеци од 2013 година, вредноста на овие договори изнесувала 47,7 милиони евра.
  • Во третиот квартал од 2013 година, секој четврти тендер бил неуспешен (25,7%). Најчеста причина за поништување на тендерите е поради тоа што не е поднесена ниту една прифатлива или соодветна понуда.

Извештајот од мониторингот е достапен на www.ccc.org.mk. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .