Вести

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија


СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година. Некои од клучните наоди се:

•    Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН). Во првото полугодие од 2014 година се доставени 330 жалби што претставува зголемување за 13,4%  во однос на истиот период лани. Воедно, за првпат по неколку години, во донесените решенија на ДКЖЈН доминираат одлуки за прифаќање на жалбите.
•    Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлањето на нивните понуди се административни пропусти, како и неисполнување на поставените услови во тендерската документација.
•    Новите законски решенија кои стапија на сила од јануари 2014 година ги дадоа очекуваните резултати во однос на намалување на преговарањата без претходно објавување на оглас, но сè уште се неефикасни во однос на намалување на поништувањата. Во вториот квартал од 2014 година со преговарање се склучени договори во вредност од 10,5 милиони евра, а поништени се 22,4% од огласените тендери.
•    Конкуренцијата на тендерите и натаму не е на задоволително ниво. Електронска аукција беше одржана во 47% од постапките во мониторираниот примерок.

Печати
PDF

Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите за 2017 година

on .

Ова е втор ваков мониторинг на медиумите, по оној во 2016 година. Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и на темите и областите на кои се однесуваат тие текстови.

Воедно, резултатите од мониторингот на медиумите треба понатаму да послужат и како основа за преземање низа други акции насочени кон подобрување на медиумското известување, воопшто. На новинарите и на медиумите може да им помогне да ги лоцираат слабите страни во сегашното информирање и да им биде патоказ за унапредување на нивното известување. На невладините организации, пак, анализата може да им укаже на областите во кои е потребен поголем ангажман во насока на поредовно, попрофесионално и пообјективно информирање на јавноста.

Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира во периодот 2016- 2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро информирање на јавноста и заштита на јавниот интерес. Со други зборови, целта е да се поттикнат редакциите и новинарите да се посветат на подлабока и посуштинска анализа на проблемите со што ќе се издвојат квалитативно од напливот на кратки, брзи, површни и сензационалистички информации, овозможувајќи им на граѓаните контекст и подобар увид во состојбите.

Печати
PDF

Најново истражување на ЦГК

on .

Анализа на резултатите од истражувањето на финансиските трансфери од општините до невладините организации во 2016 година

Со ова истражување се мапираат карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, се утврдува нивото на транспарентност и отчетност на општините, се детектираат проблемите и слабостите во процесот и се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите. До базата на отворени податоци од истражувањето може да се оди преку следниот линк.

Печати
PDF

Третина тендери со еден или ниту еден понудувач

on .

СКОПЈЕ, 18 септември, 2017 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации:

- И натаму се намалува и онака ниската конкуренција на локалните тендери. На мониторираните тендери имало протендерите имало една или ниту една понуда. За споредба, во претходниот период, просечниот број понудувачи изнесувал 2,8, а на 29% од тендерите имало по еден или ниту еден понудувач

- Иако тендерите траат сè подолго, фирмите имаат сè пократки рокови за изработка и за доставување на своите понуди. Договорните органи најчесто ги определуваат минималните законски рокови за доставување на понудите. Но, за разлика од овие календарски рокови, вистинските рокови што ги имаат фирмите за да ги изработат и да ги достават своите понуди се многу пократки. Постојат случаи во кои фирмите имаат само еден ден за изработка и за доставување на понудата.

- Иако задолжителни за сите набавки, е-аукциите се одржале само во 55% од мониторираните тендери. Наспроти тоа, процентот на т.н. е-постапки или тендери кои се спроведуваат целосно по електронски пат изнесува 58%. Просечното намалување на цените за време на е-аукциите изнесувало само 10%.

- Бројни се примерите во кои договорните органи постапуваат различно во исти ситуации – кога понудувачите не доставиле целосни понуди. Некои договорни органи бараат дополнување, но други веднаш ги исклучуваат тие понудувачи.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

ПОВИК за доделување мали грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ финансиран од Европската Унија

on .

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер и подготовка на отворени бази на податоци за области од поширок јавен интерес.

Документите поврзани со овој оглас можете да ги преземете на следниов линк.