Тековни проекти

Печати
PDF

Балкан Тендер Воч

on .

Проектот има за цел да го зголеми влијанието на граѓанското општество од земјите од Западниот Балкан врз антикорупциските политики и практики за време на целиот циклус на јавни набавки, со искористување на евроинтеграцијата како трансформативна агенда. Со акцијата се опфатени четири главни целни групи со цел да се постигнат поставените цели во сите земји-учеснички: 1) граѓански организации, медиуми и новинари; 2) владите и јавните институции; 3) бизнис-секторот; 4) институциите на ЕУ кои учествуваат во процесот на проширување.

Печати
PDF

Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавниот и приватниот бизнис - сектор (2018-2021)

on .

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

Печати
PDF

Истражувачко новинарство за поттикнување реформи (2016-2018)

on .

Со проектот ќе се создадат јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Печати
PDF

Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки (2017-2019)

on .

Проектот овозможува поактивно учество на граѓанските организации во подобрувањето на регулативата и примената на најдобри практики за намалување на корупцијата и за зголемување на ефективноста во јавните трошења. Исто така проектот е насочен кон унапредување на разбирањето меѓу засегнатите страни и граѓаните на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавните трошења.

Печати
PDF

Мониторинг на јавните набавки (2008-2018)

on .

Проектот го анализира трошењето на јавните пари следејќи го спроведувањето на јавните набавки во Македонија од аспект на транспарентноста, конкурентноста, еднаквиот третман на фирмите, недискриминацијата, економичното, ефикасното, ефективното и рационалното користење на буџетските средства, настојувањето да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетноста за потрошените средства при јавните набавки.