Истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството (2015 до 2024)
ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ТРОШИ СÈ ПОВЕЌЕ, А ДАВА СÈ ПОМАЛКУ
Денес, 11 ноември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година.
Истражувањето Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку покажа дека:
» Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните фактори не се доволни за да се објаснат огромните скокови во вредноста на набавките.
» Постои јаз помеѓу зголемената вредност на јавните набавки наспроти падот на дадените услуги во јавните здравствени установи што отвора сериозни сомнежи дека јавните набавки се користат како канал за финансиско извлекување средства, наместо како инструмент за унапредување на здравствената заштита.









