Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

СКОПЈЕ, 30 Август 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јануари до март 2013 година. Некои од клучните наоди се:

  • Македонија останува една од ретките земји која во својот Закон за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања - компаративната анализа на македонското законодавство со 8 земји од Европа.
  • Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
  • Оспорено е правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можат да ги здружат капацитет за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.
  • Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра.

Извештајот од мониторингот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Јавните набавки на општините – од 2 до 400 евра по жител

СКОПЈЕ, 17 јули, 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во шестмесечниот период од октомври 2012 до март 2013 година.

Споредбената анализа на јавните набавки на општините покажува огромни разлики меѓу општините не само според вкупниот износ на пари што се трошат преку јавните набавки, туку и според потрошените пари за јавни набавки по жител, кои се движат од 2 евра во Шуто Оризари до 400 евра во Центар.

Инаку, редовниот мониторинг ги покажа следниве констатации:

- Одредени пропусти, забелешки или нелогичности во спроведувањето на јавните набавки се регистрирани во значаен дел од мониторираните постапки на локално ниво.

- Во повеќе од половина од мониторираните постапки за јавни набавки на локално ниво се бара од фирмите да исполнуваат одредени поспецифични услови за да можат да учествуваат на тендерите со што се ограничува конкуренцијата.

- Иако законски задолжителна, е-аукцијата се одржала само во 53% од мониторираните постапки за јавни набавки. Доминантна причина за неодржување на е-аукцијата е тоа што имало само еден или ниту еден понудувач.

- Поништувањето на постапките за јавни набавки на локално ниво се задржува на 15%, исто како и во претходното полугодие. Една третина од поништените постапки од мониторираниот примерок на локално ниво се поништени поради тоа што не била поднесена ниту една понуда.

Извештајот е достапен тука. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Најнови резултати од истражувањето на рационалноста во јавните набавки

СКОПЈЕ, 26 јуни 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.8 изработен за производите работни одела, работни обувки, клупи и тонери, како и за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на работни одела, а најмала во набавката на оригинални тонери:

  • за работните одела како дел од ХТЗ опремата, комуналните претпријатија плаќале од 1.263 до 4.956 денари за комплет (панталони и јакна) со што највисоката цена платена за овој производ е повисока за 292% од најниската евидентирана цена;
  • работните чевли, кожни високи, се купувале по цена од 870 до 2596 денари со што највисоката цена платена за обувките е за 198% повисока од најниската;
  • клупите кои ги купувале општините се со цени во распон од 4838 до 12188 денари со што највисоката цена е за 152% повисока од најниската евидентирана во индексот;
  • тонерите кои се оригинални се купувани по цени кои се движат од 3.622 до 4.552 денари, упатувајќи на разлики и до една четвртина во цените, додека пак во набавката на компатибилни тонери разликата е уште поголема и изнесува и до 100% бидејќи цените се движат од 998 до 2006 денари за тонер;
  • за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација институциите плаќале од 3000 до 9310 денари за 1000 м2. Највисока цена е за 210% повисока од најниската евидентирана во индексот.

Анализата покажа дека големите разлики во цените по кои различни институции купуваат исти производи не можат да се објаснат со начинот на којшто се спроведени тендерите и упатува на заклучокот дека причините за разликите треба да се бараат во некои други фактори, кои се од субјективна природа.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Конкурс за истражувачки стории

Центарот за граѓански комуникации, заедно со Балканската истражувачка репортерска мрежа и Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија повикуваат новинари да се пријават на повикот за истражувачки стории.

Овој конкурс е дел од „Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор“ во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.

На конкурсот може да се пријават сите новинари од Македонија, а краен рок за пријавување е 7 јуни. Повеќе детали и формуларот за аплицирање се достапни на следниов линк: http://birn.eu.com/en/page/macedonia-call-for-investigations

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

СКОПЈЕ, 14 мај 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од октомври до декември 2012 година. Некои од клучните наоди се:

  • Законски задолжителната е-аукција не се закажала во 40% од мониторираниот примерок, додека кај секоја четврта спроведена е-аукција не се намалила почетната цена. Со тоа ефектот на заштеда на буџетски средствa не бил остварен кај поголемиот број набавки. Ова е директна последица на ограничувањата на конкуренцијата на тендерите преку несразмерно високите критериуми за оценување на способноста на фирмите за учество во постапките.
  • Во последното тромесечје од 2012 година поништени се 23,4% од тендерите на ниво на цела држава. На годишно ниво, процентот на поништувања во 2012-та е највисок во последните четири години и изнесува 24,2%, главно поради малиот број на понуди.
  • Преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување на оглас во последното тромесечје од 2012 година склучени се 408 договори во вредност од околу 22 милиони евра. На годишно ниво преку оваа постапка се потрошени околу 65 милиони евра. Главната причина за зголемување на бројот на овие договори, кои се на рекордно високо ниво, е неможноста да се закаже е-аукција од причина што не постои доволно конкуренција.
  • На врвот на десетте најголеми договори за јавни набавки склучени во 2012 година е  договорот на ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 53,3 милиони евра.

Извештајот од мониторингот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .