Печати
PDF

Документ за јавни политики

on .

Честото поништување на тендерите како еден од најголемите проблеми во јавните набавки

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Проблемот со масовното поништување на тендерите не стивна со ниту една од неколкуте преземени мерки, и во минатото и сега – со новиот Закон за јавните набавки, каде што се намалија законските основи за поништување на еден тендер. Ова покажува дека институциите многу лесно и секојдневно посегнуваат по поништување на тендерите кога нешто нема да излезе како што тие сакаат, бидејќи од анализите не може да се сфати дека при поништувањето биле водени од идејата да го бранат јавниот интерес во постапките за јавни набавки.

Поништувањето на тендерите ги одложува набавките на потребните стоки, работи и услуги; создава дополнителни трошоци за повторување на постапката; ја зголемува економската и правната неизвесност кај фирмите и ја поткопува довербата во јавните набавки поради верувањето дека тендерот се поништува бидејќи не може да се намести.

Печати
PDF

Документ за јавни политики

on .

Транспарентноста не е доволна за подобрување на состојбата во јавните набавки


Објавувањето повеќе информации и документи во врска со тендерите во последните неколку години придонесе кон зголемена транспарентност на системот на јавни набавки во земјава, но овој тренд не беше проследен и со унапредување на интегритетот и отчетноста на институциите при спроведување на тендеритe. Оттука, неопходно е на спроведувањето на јавните набавки во земјава да му се посвети многу поголемо од сегашното внимание; суштински да се унапредат капацитетите на оние што ги спроведуваат тендерите; да му се овозможи на Бирото за јавни набавки (БЈН) да ги врши зголемените надлежности, особено во поглед на контролата при спроведувањето на тендерите и да се продолжи со трендот на преземање мерки за натамошно унапредување на транспарентноста и отвореноста на јавните набавки, со истовремен фокус врз подобрувањe.


Печати
PDF

Бриф за јавни политики:

on .

Користење на обемни бази на податоци како алатки во борбата против копрупцијата

Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија, почетните чекори, примената, како и препораки за забрзување на користењето на  оваа алатка во борбата против корупцијата.

Печати
PDF

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

on .

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки за 2018 година. Целото истражување можете да го преземете овде.