ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Втор полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во 2021 година

on .

Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за КОВИД-19 и речиси две години по избувнување на кризата

Денес, 10 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави Вториот полугодишен извештај за јавните набавки за заштита од КОВИД-19, изработен врз основа на длабинскимониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година.

Мониторингот ги детектираше следниве клучни проблеми и ризици од корупција:

Печати
PDF

Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра

on .

 

Денес, 16 март 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму.

Истражувањето покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции.

Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.

Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, таа и натаму опаѓа односно дури на 83 % од тендерите имало само по една понуда.

Повеќе од 40 % од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.

Печати
PDF

Прв полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во 2021 година

on .

КОВИД-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Денес, 10 март 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19 изработен врз основа на длабочински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година. Мониторираните постапки претставуваат 38 % од сите КОВИД-19 тендери во периодот на мониторинг, а нивната вредност од 5,7 милиони евра е 36 % од вредноста на сите КОВИД-19 тендери во анализираниот период.

Мониторингот ги детектираше следниве клучни проблеми и ризици од корупција:

Печати
PDF

Анализа на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во различните КОВИД-центри

on .

Целта на истражувањето беше да се испита дали на 1 пациент во различните ковид-центри во земјата му бил овозможен еднаков медицински третман, во смисла на клучни лекови и опрема. Понатаму, целта на истражувањето е наодите да се искористат како појдовна основа за да се извлечат препораки за промена на праксата и креирање политики и стратешки документи при евентуални идни слични кризи.