Печати
PDF

Огромни разлики во цените по кои институциите купуваат исти производи и услуги

on .

СКОПЈЕ, 26. јуни 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр. 12 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале сообраќајни знаци, обележување на улици, фискални апарати, камери за видео надзори и финансиска ревизија. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на услугата за финансиска ревизија, а најмала во набавката на фискални апарати.

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • сообраќајните знаци (вертикална сообраќајна сигнализација) се купувани по цени кои се движат од 745 денари до 3.882 денари за 1 еден знак „стоп“, со што највисоката цена е за дури 421% повисока од најниската;
  • обележувањето на улиците (хоризонтална сообраќајна сигнализација) ги чинело институциите од 142 до 354 денари за м2, со што највисоката цена е за 149% повисока од најниската;
  • мобилните фискални апарати ги чинеле институциите 10.894 до 16.772 денари, што значи дека највисоката цена е за 54% повисока од најниската;
  • камерите за видео надзор се купувани по цени кои се движеле од 1.682 до 6.490 денари, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за речиси три пати (286%) поголема од најниската цена и
  • финансиската ревизија ги чинела институциите од 0,026% до 0,717% од големината на финансискиот обрт што бил предмет на ревизија, со што највисоката цена е за 27 пати повисока од најниската.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен и овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Ново издание на „Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“

on .

Центарот за граѓански комуникации го издаде второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки. Целта на препораките не е измена на прописите, туку промоција на постојните правила за јавни набавки кои, доколку соодветно се применуваат во практиката, ќе овозможат остварување на целта – олеснет пристап на малите и микропретпријатијата на пазарот за јавни набавки и заживување на локалните економии во земјата.

Препораките за првпат беа објавени пред две години, во февруари 2013 година. Примарно, препораките беа изработени врз основа на сознанијата добиени од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија, анализата на релевантните национални прописи за јавни набавки во Македонија, на Кодексот со најдобри практики за мали и средни претпријатија изработен од Европската комисија, како и обемното истражување на практиката на договорните органи и на искуството на микропретпријатијата во областа на јавните набавки во земјава.

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 29 април 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа второто полугодие од 2014 година. Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се:

  • Советот за јавни набавки во првите месеци од работата го зголеми административното оптоварување во спроведувањето на тендерите, но не и конкуренцијата. Бројот на понудувачи во второто полугодие од 2014 година е дури намален во однос на првото полугодие.
  • До Советот за јавни набавки во второто полугодие од 2014 година се доставени дури 5.725 барања за добивање согласност за спроведување на тендерите. Државните институции побараните согласности ги чинеле околу 600.000 евра.
  • Во сите мониторирани тендери е користен критериумот за избор „најниска цена“. Во некои тендери ниските цени преку е-аукција достигнуваа и апсурдно ниско ниво и го доведуваат во прашање квалитетот на набавките.
  • Задолжителното барање согласност од Советот за јавни набавки за примена на постапката со преговарање без претходно објавување оглас ги намали овие нетранспарентни договори. На годишно ниво нивниот износ достигна 56 милиони евра.
  • Од 612 жалби доставени до Државна комисија за жалби по јавни набавки во 2014 година 109 се од институции кои ги спроведуваат тендерите изјавени против решенија на Советот за јавни набавки. Со само 503 жалби од фирмите во 2014 година продолжи неколкугодишниот тренд на намалување на бројот на жалби од фирмите.
Печати
PDF

Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител

on .

Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител

СКОПЈЕ, 16 март 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето спроведено во рамките на редовниот мониторинг на јавните набавки на институциите на локално ниво, а кое се однесува на вкупните трошења за јавни набавки на сите општини во Република Македонија во 2013 година. Истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

-80-те општини во земјава, без Град Скопје, вкупно во 2013 година, преку јавни набавки потрошиле 6,2 милијарди денари, односно 101,3 милиони евра.

-Најмногу пари за јавни набавки во 2013 година потрошила Општина Аеродром, и тоа околу 628 милиони денари, односно 10,2 милиони евра, додека, пак, најмалку Општина Центар Жупа, чијашто годишна вредност на јавните набавки е 1,1 милион денари, односно 19 илјади евра.

-Во 2013 година е регистриран пад на јавните набавки на општините во однос на претходната година за 38 милиони евра, односно за 27%.

-Општините во 2013 година трошеле за јавни набавки од 2 до 276 евра по жител. Гледано по жител, општинските разлики во 2013 година се поблаги во однос на 2012 година, кога се движеа од 2 до 412 евра.

-Општина Центар го загуби приматот од претходната година, кога беше апсолутен победник и во вкупната вредноста на јавните набавки и во рангирањето на трошоците за јавни набавки по жител.

-Уделот на јавните набавки во буџетите на општините во 2013 година се движи од 1,8% до 77,7%. Констатираните разлики и во однос на овој параметар повторно упатуваат на голема несразмерност во општините.

-Исклучително мали суми на јавни набавки по жител, но и како удел во буџетите, трошат и две големи општини, Тетово (8 евра по жител) и Куманово (7 евра по жител).

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .