ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 28 декември 2012 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јули до септември 2012 година. Некои од клучните наоди се:

  • Во пораст е проблемот со поништување на поголемите тендери – оние за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра. Постои растечки тренд на донесување одлуки за поништување на ваквите тендери главно поради тоа што проценетата вредност на набавките е пониска од понудената од фирмите.
  • Некои институции продолжуваат да не го почитуваат правилото за прецизно дефинирање на елементите за евалуација на понудите. Наместо квалитетот на понудите, во некои тендери се цени, главно, искуството на фирмите-понудувачи.
  • Во третиот квартал од 2012 година, склучени се 210 договори во вредност од 14 милиони евра преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Вкупно, во првите девет месеци од 2012 година вредноста на овие договори изнесува околу 32 милиони евра.
  • Компаративната анализа на македонското законодавство со седум европски земји укажува дека ниту една од нив не креира т.н. „црна листа“ на понудувачи на кои им е забрането учество во јавните набавки за одреден период (1 до 5 години) како последица на активирање на банкарските гаранции.

Извештајот од мониторингот е достапен и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Промоција на регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот и од вардарскиот регион

on .

Пред 150 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции, на 4 и 6 декември се промовирани регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот регион во Штип и од вардарскиот во Велес.

Преку овие регионални центри, на 200 мали и микропретпријатија ќе им се нудат обуки, секојдневна помош и консултации. На договорните органи од 21 општина, пак, ќе им се препорачаат конкретни мерки што треба да ги преземат за намалување на постојните административни и други пречки за поголемо учество на малите и микропретпријатија во јавните набавки.

Печати
PDF

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер

on .

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум - весник, радио и телевизија - како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации ги издаде преводите на познатиот прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер Legal Leaks Toolkit на македонски и на албански јазик. Со ова и Македонија се приклучува кон многуте европски земји кои го имаат преведено овој најзначаен водич за новинари за поголемо користење на пристапот до информации како моќна алатка за нивното известување.

Освен за остварување на правото за пристап во Македонија, прирачникот нуди и совети како да се оствари ова право во сите 56 земји членки на ОБСЕ. Прирачникот содржи и совети за заштита и безбедност на податоците на новинарите и посебно поглавие за статистичкото новинарство.

Овде можете да ги преземете прирачниците на македонски и на албански јазик или, пак, јавете се на (02) 3213-513 да ви го испратиме во печатен формат.

Печати
PDF

Пристапот до информации од јавен карактер – моќна новинарска алатка

on .

Новинари од цела Македонија обучени за поголемо користење на правото за пристап до информации од јавен карактер во насока на поквалитетно и поиздржано информирање на јавноста

Охрид, 11 ноември 2012 година – Дваесетина новинари од локални и национални медиуми учествуваа на обуките за полесен пристап до информации од јавен карактер што се одржаа од 7 до 11 ноември 2012 година во Охрид.

Обуките ги водеше најистакнатиот тренер на новинари од областа на пристапот до информации од јавен карактер во Европа, Хелен Дарбишир од Access Info Europe, водечка европска организација за олеснување на пристапот до јавни информации. Покрај неа, тренер на обуките беше и Давид Кабо, специјалист за пристап до електронски бази на податоци од организацијата Civio од Шпанија, а гости-предавачи Данче Даниловска, водечки македонски експерт за остварување на правото за пристап до информации од јавен карактер и Ана Петрушева, уредник на Балкан Инсајт.