Печати
PDF

Прирачник за следење и контрола на целисходноста во јавните набавки

on .

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионотна Западниот Балкан. За да се обезбеди што поголемо учество на граѓаните во оваа важна област на управувањето со јавните финансии, прирачникот ги сумира клучните чекори во постапките за јавни набавки и го свртува вниманието на воспоставените принципи на целисходноста кон секој од нив. Прирачникот има за цел да даде придонес кон напорите на коалицијата БТВ во најголема можна мера да го прошири фронтот на организации кои со своите активности „бараат одговорност од владите“ и ги заговараат неопходните реформи во земјите од регионот.

Печати
PDF

Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите за 2017 година

on .

Ова е втор ваков мониторинг на медиумите, по оној во 2016 година. Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и на темите и областите на кои се однесуваат тие текстови.

Воедно, резултатите од мониторингот на медиумите треба понатаму да послужат и како основа за преземање низа други акции насочени кон подобрување на медиумското известување, воопшто. На новинарите и на медиумите може да им помогне да ги лоцираат слабите страни во сегашното информирање и да им биде патоказ за унапредување на нивното известување. На невладините организации, пак, анализата може да им укаже на областите во кои е потребен поголем ангажман во насока на поредовно, попрофесионално и пообјективно информирање на јавноста.

Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира во периодот 2016- 2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро информирање на јавноста и заштита на јавниот интерес. Со други зборови, целта е да се поттикнат редакциите и новинарите да се посветат на подлабока и посуштинска анализа на проблемите со што ќе се издвојат квалитативно од напливот на кратки, брзи, површни и сензационалистички информации, овозможувајќи им на граѓаните контекст и подобар увид во состојбите.

Печати
PDF

Третина тендери со еден или ниту еден понудувач

on .

СКОПЈЕ, 18 септември, 2017 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации:

- И натаму се намалува и онака ниската конкуренција на локалните тендери. На мониторираните тендери имало протендерите имало една или ниту една понуда. За споредба, во претходниот период, просечниот број понудувачи изнесувал 2,8, а на 29% од тендерите имало по еден или ниту еден понудувач

- Иако тендерите траат сè подолго, фирмите имаат сè пократки рокови за изработка и за доставување на своите понуди. Договорните органи најчесто ги определуваат минималните законски рокови за доставување на понудите. Но, за разлика од овие календарски рокови, вистинските рокови што ги имаат фирмите за да ги изработат и да ги достават своите понуди се многу пократки. Постојат случаи во кои фирмите имаат само еден ден за изработка и за доставување на понудата.

- Иако задолжителни за сите набавки, е-аукциите се одржале само во 55% од мониторираните тендери. Наспроти тоа, процентот на т.н. е-постапки или тендери кои се спроведуваат целосно по електронски пат изнесува 58%. Просечното намалување на цените за време на е-аукциите изнесувало само 10%.

- Бројни се примерите во кои договорните органи постапуваат различно во исти ситуации – кога понудувачите не доставиле целосни понуди. Некои договорни органи бараат дополнување, но други веднаш ги исклучуваат тие понудувачи.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .