Истражување на капацитетите на инспекциските служби во општините
Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури.
Ова истражување е спроведено во осум таргетирани општини (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип), но мора да се нагласи дека Општина Неготино, и покрај сите напори за обезбедување на соодветните податоци, остана нереспонзивна и не е вклучена во истражувањето од едноставна причина што од општината не одговорија на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и податоците кои се предмет на истражувањето останаа необелоденети.
Истражувањето ги откри следниве клучни наоди:
Истражување на продажбата на државно градежно земјиште
НЕДОВОЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И НИСКИ ЦЕНИ ПРИ ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
Денес, 8 октомври 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште.
Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:
- Општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник на РСМ. Но, ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.
Истражување за бројот на студенти
За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар
Денес, 1 октомври 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за движењето на бројот на студенти во земјава во последните десет учебни години, со база на податоци.
Истражувањето покажа дека:
- Само за последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 %.
- Најмногу студенти во последните десeт години загубиле државните универзитети - 11.150, односно 22 %.
- УКИМ е најголем губитник, со речиси 5 илјади помалку студенти за десет години. Поединечно, најмногу студенти загубиле Економскиот, Филолошкиот и Градежниот факултет во Скопје.
- Наспроти тоа, на приватните факлултети има 4.054 или 56 % студенти повеќе во последните десeт години.
- Пораст од 20 % има и кај верските високообразовни установи.
- Кај бруцошите, има намалување од 19 %, односно за една деценија бројот на студенти запишани во прва година се намалил за 3612.
- На УКИМ, во последните десет години, има намалување на бројот на студенти во прва година на сите факултети, освен на Медицински и ФИНКИ. На скопски Правен има дури 61% помалку бруцоши.
- Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина.
- На државните универзитети има за 26 % повеќе кадар отколку пред десет години, на приватните, пак, кадарот пораснал за 45 %.
До целото истражување и базата на податоци може да се пристапи на следниот линк.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .