ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Завршени проекти

Завршени проекти

Печати
PDF

Обуки во редакциите за новинари од локални медиуми за унапредување на професионалните вештини за известување за прашања од локален интерес (2007-2008)

on .

Во рамките на проектот обучени се вкупно 68 новинари од 16 локални телевизии од сите поголеми градови во Македонија. Обуките се одвиваа на лице место во редакциите на локалните медиуми, како и на терен за време на нивната секојдневна работа и беа насочени кон унапредување на вештините на новинарите за фокусирање на своите приказни врз интересот на граѓаните од локалната заедница и за подобрување на информирањето на граѓаните за прашања кои се однесуваат на нивниот секојдневен живот, а за кои овие граѓани единствено можат да се информираат токму преку локалните медиуми. Проектот е финансиски поддржан од Програмата за мали грантови на амбасадата на САД во Македонија.

Печати
PDF

Серија обуки за новинари од локални медиуми за истражувачко новинарство и за известување за локалната власт (2008)

on .

Тренерите на Центарот спроведоа четири регионални обуки за триесеттина новинари од локалните медиуми за унапредување на нивните способности и капацитети за истражување и известување за работата на локалната самоуправа во светло на зголемените ингеренции на локалната власт, а со тоа и зголемената улога на локалните медиуми за известување за прашања од интерес на граѓаните во општините. Обуката резултираше и со изработка на Водич за новинарско известување за претставници на локалните медиуми во Македонија, објавен на македонски и на албански јазик. Проектот е финансиски поддржан од програмата за локална самоуправа на УСАИД Македонија.

Печати
PDF

Истражувачки извештаи за корупцијата во Република Македонија (2005/06)

on .

Проектот опфати длабочински истражувања на корупцијата во неколку најранливи области: јавните набавки, составите на управните одбори на јавните претпријатија, давањето услуги од јавната администрација, градежништвото, образованието и здравството. Резултатите од истражувањата беа објавувани во аналитички извештаи за нивото, формите и генераторите на корупција. Извешатите наидоа на широка покриеност од македонските медиуми, со вкупно 108 новинарски извештаи. Поттикнати од извештаите, владини претставници најавија намалување на бирократските процедури, законска заштита на студенти кои ќе пријавуваат корупција, засилена битка против „градежната мафија“, а наодите од извештајот за корупцијата во здравството е искористен како доказ дека корупцијата е прв и најголем проблем кој треба да се решава во здравството.

Печати
PDF

Подобрување на новинарските вештини за истражување и известување за корупција (2007)

on .

Овој проект всушност значеше спроведување на индивидуалните планови за акција на претставниците на ЦГК кои ги изработија за време на обуката за подобрување на капацитетот за борба против корупцијата спроведена од меѓународни експерти на Crown Agents. Во рамките на проектот ЦГК обучи група од осум новинари од водечки локални медиуми за истражување и известување за корупција кои потоа изработија свои истражувачки приказни врз основа на наученото на обуката и на индивидуалните планови за акција изработени на обуката. Како резултат од проектот ЦГК го издаде и „Прирачникот за новинари за истражување и известување за корупција“ кој го дистрибуираше до околу 200 новинари од сите медиуми во земјава. Проектот е поддржан од програмата World Learning и УСАИД Македонија.