Печати
PDF

За нас

on .

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето десетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.

Во оваа насока, ЦГК досега има изработено и предложено неколку стотини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено повеќе од 250 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување за корупција, исто толку претставници на граѓанските организации, а и има објавено и дваесетина истражувања и прирачници. Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК.


ТИМ:

Герман Филков
претседател, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Сабина Факиќ
програмски директор, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Елена Ристовска
финансискo-административен асистент на програми, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Павлинка Стрезоска
асистент на програма за јавни набавки, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Елмир Факиќ
проектен асистент, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Марко Митевски
проектен асистент, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите