Печати
PDF

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија

on .

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија (.pdf)

Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Вечер, Време, Утрински весник и Факти*). Предмет на анализа во рамките на овој проект се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен весник.

Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомничења за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики. Мониторингот се спроведе во периодот јануари-мај 2009 година. Објавените написи и нивната содржина, меѓудругото, се анализираа од следниве аспекти:

  • Страница на која е објавен текстот;
  • Големина на текстот;
  • Најава на текстот на насловната страница;
  • Илустрации на текстот;
  • Автор на текстот;
  • Жанровска припадност на текстот;
  • Број, статус, официјалност и локација на изворите во текстот;
  • Фер и балансиран пристап;
  • Повод за написот;
  • Областа во која е примерот на корупција;
  • Актот на корупција;
  • Поседување на документи и докази за потврда на тврдењето за корупција,
  • Припадност на актерот на корупција (сегашна или поранешна власт).


Имајќи ги предвид опфатот, обемот и начинот на мониторирање, станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава кој нуди релевантни квантитативни и квалитативни показатели за начинот на кој медиумите информираат за корупцијата.

Facebook