ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Помошта од УСАИД за микропретпријатијата се проширува во североисточниот регион
Печати
PDF

Помошта од УСАИД за микропретпријатијата се проширува во североисточниот регион

Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го одбележа денеска во Куманово проширувањето на услугите на центарот во Велес во североисточниот регион. Персоналот на проектот ги претстави услугите што сега ќе бидат достапни за микропретпријатијата во регионот, зборуваше за влијанието што проектот го имаше врз микропретпријатијата од вардарскиот и од источниот регион и ги охрабри присутните претставници на микропретпријатијата да се вклучат во проектот.

„Микропретпријатијата се признати во целиот свет како важни елементи на националните економии кои придонесуваат значително кон зголемување на вработувањето и намалување на сиромаштијата“, рече директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стаин. „Иако пазарот на јавни набавки се проценува на околу 1,2 милијарди долари годишно, микропретпријатијата традиционално не учествуваат во него. Ние сакаме да го промениме тоа“.

Со проширувањето на услугите во североисточниот и во југоисточниот регион, проектот на УСАИД ќе нуди обука, секојдневна техничка помош, како и информации за 300 микропретпријатија од 35 општини. Покрај тоа, на повеќе од 300 локални договорни органи ќе им предлага конкретни мерки за намалување на тековните административни оптоварувања и други пречки со кои се соочуваат микропретпријатијата.

 

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано во Македонија повеќе од 500 милиони американски долари, од 1993 година наваму. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создаде работни места, да ги зајакне демократските институции и практики, да го подобри интегрираното образование и да ги подготви учениците за пазарот на работната сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации посетете ги веб-страницата на УСАИД Македонија http://macedonia.usaid.gov и Фејсбук страницата на УСАИД Македонија http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.

Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, спроведуван од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Фондацијата Фокус и ЕХО, ја зголемува свесноста на микропретпријатијата за можностите што ги нуди пазарот на јавните набавки, им обезбедува знаења, вештини и способности за да учествуваат на тендерските постапки и ги поедноставува обемните административни процедури во јавните набавки.