Печати
PDF

Кон отчетни јавни претпријатија: Работилници за изработка на планови за интегритет во јавните набавки

30 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на овие општини ги совладаа основите и елементите за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, на трите работилници спроведени на почетокот од септември.  Работилниците се организирани во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ поддржан од Кралството Холандија. Процесот на градење на капацитетите на државните претпријатија за изработка и спроведување на планови за интегритет во јавните набавки следуваше по идентификација на ризиците од корупција во јавните набавки и дефинирање на конкретни предлог-мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки. Дел од овие мерките се вклучени и во владиниот План за борба против корупцијата. Во следниот период продолжува менторската поддршка на спомените државни претпријатија при изработката на нивните планови за интегритет во јавните набавки.

Печати
PDF

Видео со достигнувањата на Центарот за граѓански комуникации од активноста Јавно трошење за јавно добро

Активноста Јавно трошење за јавно добро се спроведуваше во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество кој поддржува активности за промовирање на транспарентност и објавување на податоци од страна на државните институции со цел унапредување на добрите практики на управување. Барањето за транспарентност на сите нивоа на управување е оправдано со правото на граѓаните на информации и слободата на информации.

Печати
PDF

Јавно трошење за јавно добро: Обуки за граѓански организации за следење на јавните набавки

Повеќе од 30 претставници на граѓански организации од целата земја ги завршија обуките за следење на јавните набавки на државните институции, организирани во Скопје во текот на јуни, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Претставниците на граѓанските организации се стекнаа со практични знаења и вештини за следење на постапките за јавни набавки и се запознаа со можностите и начините за следење на јавните трошења во средините и во областите на нивното делување.


Печати
PDF

Кон отчетни јавни претпријатија: Обуки за јакнење на капацитетите за спроведување на јавните набавки

46 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на општините, беа дел од трите дводневни обуки спроведени во јуни за јакнење на капацитетите за превенирање на корупцијата во јавните набавки. Обуките беа спроведени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ поддржан од Кралството Холандија. Процесот на градење на капацитетите на државните претпријатија произлегува од претходно спроведеното мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки и ќе продолжи и во следниот период со поддршка во изработка на планови за интегритет во јавните набавки.