Истражување за бројот на студенти
За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар
Денес, 1 октомври 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за движењето на бројот на студенти во земјава во последните десет учебни години, со база на податоци.
Истражувањето покажа дека:
- Само за последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 %.
- Најмногу студенти во последните десeт години загубиле државните универзитети - 11.150, односно 22 %.
- УКИМ е најголем губитник, со речиси 5 илјади помалку студенти за десет години. Поединечно, најмногу студенти загубиле Економскиот, Филолошкиот и Градежниот факултет во Скопје.
- Наспроти тоа, на приватните факлултети има 4.054 или 56 % студенти повеќе во последните десeт години.
- Пораст од 20 % има и кај верските високообразовни установи.
- Кај бруцошите, има намалување од 19 %, односно за една деценија бројот на студенти запишани во прва година се намалил за 3612.
- На УКИМ, во последните десет години, има намалување на бројот на студенти во прва година на сите факултети, освен на Медицински и ФИНКИ. На скопски Правен има дури 61% помалку бруцоши.
- Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина.
- На државните универзитети има за 26 % повеќе кадар отколку пред десет години, на приватните, пак, кадарот пораснал за 45 %.
До целото истражување и базата на податоци може да се пристапи на следниот линк.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .