Печати
PDF

Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?

on .

Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.

По трите извештаи од ад-хок мониторингот на јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и сумарниот извештај од мониторингот, во ноември 2020 година е изработен овој документ за јавни политики насловен како: насловен како: „Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“ кој ги опфаќа набавките поврзани со КОВИД-19, владините политики во врска со овие набавки, како и препораки за мерки што треба да се преземат во иднина како резултат на случувањата во кризната 2020 година.

Печати
PDF

Анализа на остварувањето на пристапот до информации според новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

on .

Уште од првиот ден на спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, Центарот за граѓански комуникации започна мониторинг на спроведувањето на законот врз основа на барањата за пристап што ги испраќа до институциите за добивање информации за разните истражувања што ги спроведува.

Во периодот од 1 декември 2019 година до 31 мај 2020 година, односно во првите шест месеци од спроведувањето на новиот закон, Центарот за граѓански комуникации испрати вкупно 460 барања за слободен пристап до институциите. Анализата за спроведувањето на новиот закон е направена врз основа на одговорите на овие барања и односот на институциите кон нив.

Анализата се осврнува и на ефектите што ги имаше кризата со КОВИД-19 врз остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Печати
PDF

Детектирани ризиците од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

on .


Денес, 6 октомври 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините. (Истражувањето на албански јазик е достапно овде).

Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 % од вкупните јавни набавки на земјата.

Клучни наоди од анализата:

  • Констатирани се ризици од корупција кои се манифестираат преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановите. Кај 16 од 37 претпријатија, реализацијата на плановите за јавни набавки е пониска од 50 %. Највиско ниво на реализација на планот имало АД МИА со 96 %, а најниско АД Водостопанство од само 1 %.
  • Концентрацијата на една фирма во јавните набавки на одредена институција, како еден од најрелевантните индикатори за постоење на ризик од корупција, е проблем којшто е евидентиран кај голем дел од анализираните претпријатија и акционерски друштва. Кај речиси една третина од нив, концентрацијата на набавките кај една фирма е поголема од 40 %. Според вредноста на договорите најголем удел на една фирма има кај АД Електрани, а според процентуално учество во АД Водостопанство.
  • Третина од таргетираните претпријатија ја применувале нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Високи удели на овие набавки во вкупната вредност на набавките се евидентирани кај Службен весник, со 28 % и кај Градски паркинг Скопје, со 22 %.
  • Кај дури 20 од 37 таргетирани претпријатија уделот на поништени постапки е повисок од 20 %. Честите поништувања на тендерите претставуваат индикатор за постоење ризик од корупција. Најголеми поништувања на тендерите имале МЖ Транспорт, Национални шуми и ЈСП Скопје.
  • Големи разлики се констатирани во цените на набавките на ист вид производи и услуги и тоа од 24 % до 120 %.  Еден мегават/час елктричната енергија е купуван по цени од 4.738 до 5.888 денари.  Еден топ хартија за печатење  ( бела боја, 80 грама и А4 формат) е купуван од 158 до 349 денари. Претпријатијата им плаќаат на агенциите за обезбедување, за едно лице за физичко обезбедување на месечно ниво 24.255 до 36.875 денари. За привремени вработувања се користени услуги од  специјализираните агенции на кои им се плаќала провизија од 0,01  % до  8,90 % од бруто примањата на работниците. Нафтените деривати, пак, се купувани по највисоките малопродажни цени.

Истражувањето Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините  е изработено во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 октомври 2019 година до 30 септември 2021 година.

Печати
PDF

6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од коронавирусот

on .

Денеска, 30 септември 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас. Главните наоди од истражувањето покажуваат дека:

▪          6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од кризата.

▪          Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2 милиони евра води според износот на склучените договори.

▪          43 % од вредноста на сите тендери им припаднала само на пет фирми, иако вкупно 186 фирми добиле тендер поврзан со коронавирусот.

▪          За 68 % од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.

▪          На секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.

▪          Постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици.

▪          Дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите.

Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.