ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Извештај од мониторингот на јавните набавки и Индекс на рационалност бр. 5

on .

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до март 2012 година, како и Индексот на рационалност бр.5.

При мониторингот на јавните набавки во првиот квартал од 2012 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки:


-Договорните органи свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата што е еден од принципите на јавните набавки. Во 52,5% од мониторираните постапки биле доставени не повеќе од две понуди.
-Поставување на непропорционални и дискриминаторски критериуми за утврдување на економско-финансиска и техничка способност на понудувачите. Во значаен дел од мониторираните тендери, на фирмите им се бараа годишни приходи кои се од 10 до 27 пати поголеми од вредноста на набавката.
-Процентот на постапки во кои била закажана, но не се спровела електронска аукција изнесува високи 35%. Кај повеќето од нив не постоеле услови за закажување на е-аукција бидејќи била доставена само една понуда или само една фирма ги исполнила критериумите за квалификација.
-Вредноста на договорите склучени со преговарање без објавување на оглас во првиот квартал од 2012 година изнесува околу 12 милиони евра што е скок од 26% во однос на истиот период минатата година.

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки и од индексот на рационалност

on .

СКОПЈЕ, 27 април 2012 – Центарот за граѓански комуникации ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од октомври до декември 2011 година, како и Индексот на рационалност бр.4.
При мониторингот на јавните набавки во четвртиот квартал од 2011 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки:

  • Во половина од мониторираните тендери планираната електронска аукција не се одржала поради тоа што била доставена само една понуда или само една понуда била оценета како прифатлива. На овој начин се доведува во прашање рационалноста во трошењето на јавните пари бидејќи во случаи кога се планира е-аукција фирмите првично доставуваат повисоки цени во очекување на нивно намалување низ негативното наддавање во аукцијата. Овие проблеми се директна последица на високото поставување на критериумите за квалификација на фирмите за учество во тендерите. Проблемот со малата конкуренција во 2011 година се продлабочува.
Печати
PDF

Панел-дискусија „Пристапот до информации– извор за поквалитетно информирање“

on .

 

СКОПЈЕ, 11 април 2012- Центарот за граѓански комуникации организираше панел-дискусија во Информативниот центар на Европската Унија за слабата примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите.

Со панел дискусијата на која земаа учество над 50 новинари и претставници на невладини организации отпочна реализацијата на проектот „Пристапот до информации – извор за поквалитетно информирање“ финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), кои ЦГК го спроведува во соработка со Access Info Europe од Шпанија и Балканска истражувачка мрежа БИРН.

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки (трет квартал 2011)

on .

СКОПЈЕ, 31 јануари 2012 – Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јули до септември 2011 година.

При мониторингот на јавните набавки во третото тромесечје од 2011 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки: