Извештај во сенка за јавните набавки 2020
Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија.
Користиме само задолжителни „колачиња“ со цел да ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Прочитајте повеќе
Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија.
Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.
По трите извештаи од ад-хок мониторингот на јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и сумарниот извештај од мониторингот, во ноември 2020 година е изработен овој документ за јавни политики насловен како: насловен како: „Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“ кој ги опфаќа набавките поврзани со КОВИД-19, владините политики во врска со овие набавки, како и препораки за мерки што треба да се преземат во иднина како резултат на случувањата во кризната 2020 година.
Уште од првиот ден на спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, Центарот за граѓански комуникации започна мониторинг на спроведувањето на законот врз основа на барањата за пристап што ги испраќа до институциите за добивање информации за разните истражувања што ги спроведува.
Во периодот од 1 декември 2019 година до 31 мај 2020 година, односно во првите шест месеци од спроведувањето на новиот закон, Центарот за граѓански комуникации испрати вкупно 460 барања за слободен пристап до институциите. Анализата за спроведувањето на новиот закон е направена врз основа на одговорите на овие барања и односот на институциите кон нив.
Анализата се осврнува и на ефектите што ги имаше кризата со КОВИД-19 врз остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Денес, 6 октомври 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. (Истражувањето на албански јазик е достапно овде).
Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 % од вкупните јавни набавки на земјата.
Клучни наоди од анализата:
Истражувањето Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините е изработено во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 октомври 2019 година до 30 септември 2021 година.