Истражување на водата за пиење
КУБИК ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО БОГОВИЊЕ ПЛАЌААТ ПО 7,5 ДЕНАРИ, А ВО КОЧАНИ ПО 49 ДЕНАРИ
Денес, 11 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за цените, потрошувачката и загубата на водата за пиење во земјава. Истражувањето покажа дека:
- Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе.