Индекс на активна транспарентност 2023
АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА МИНИСТЕРСТВАТА СТАГНИРА, А ОПШТИНИТЕ СО МИНИМАЛНО ПОДОБРУВАЊЕ
Денес, 10 јули 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:
» Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена само за 3 процентни поени (од 73 % на 76 %).