Индекс на рационaлност 7
Седмиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги:
- одржување на хигиена;
- дефибрилатори;
- јунешко месо без коски;
- ПВЦ-прозорци и
- работни обувки - кломпи.
Во изработката на индексoт на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени 52 институции на национално и локално ниво кои во текот на првите oсум месеци од 2012 година имале ваков вид набавка. Проширување на опсегот на прибирање податоци и за 2011 година беше направен само кај набавката на ПВЦ-прозорци.