ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Документ за јавни политики

on .

Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста - Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.

Печати
PDF

Предлози за подобрување на правната и на институционалната рамка, како и на практиката на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

on .

Печати
PDF

ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ, Публикација за десетгодишниот јубилеј на Центарот за граѓанки комуникации

on .

ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ, Публикација за десетгодишниот јубилеј на Центарот за граѓанки комуникации

Центарот за граѓански комуникации навлезе во втората деценија од своето делување. Наместо пригодна публикација за досегашната работа, за многуте спроведени проекти, истражувања, публикации и промени што ги поттикнавме и ги предизвикавме со нашето работење насочено кон поголема транспарентност, отчетност и одговорност на властите, се решивме за малку поинакво одбележување на јубилејот. За секоја од областите во кои делуваме, побаравме од неколку видни познавачи на состојбите однатре, од луѓе што секојдневно се занимаваат со тие области, да направат еден пресек – како стојат работите во оваа, 2016 година. Станува збор за областите: граѓанско општество, транспарентност, антикорупција, трошење на јавните пари и истражувачко новинарство. Видувањата и анализите за овие области треба да ни послужат како ’репери‘ или како ’почетна состојба‘ од која треба да тргне развојот во годините што доаѓаат.

Паралелно со новите предизвици, во Центарот за граѓански комуникации ќе останеме посветени кон надградба на она што го работевме досега: препорачани стотици мерки за унапредување на состојбите во областите на делување; спроведени седумдесетина истражувања; одржани двесте обуки за неколку илјади претставници на медиумите, на невладините организации и на јавните институции; објавени стотина публикации (истражувања, препораки, брифови за јавни политики, прирачници и сл.) итн. Низ досегашното работење директно сме мониторирале повеќе од три илјади тендери; сме анкетирале повеќе од две илјади фирми, илјадници граѓани, граѓански организации и новинари; директно сме им помогнале на околу шестотини микропретпријатија во нивното работење; сме соработувале одблиску со педесетина општини и стотина разни други институции; во партнерство сме спровеле проекти со петнаесетина други невладини организации од земјава и од странство. Стотици наши препораки и резултати од нашите истражувања станале дел од законски измени, од препораки и констатации на други домашни и меѓународни организации и поттикнале низа измени и подобрувања во практиката.

Начините на делување, како и областите – добро владеење, антикорупција, економски развој и медиуми – остануваат исти. Особен фокус би ставиле врз прибирањето, обработката и ставањето на располагање на граѓаните бази на податоци и информации кои се значајни за нивниот живот и работење. Со ова би сакале да дадеме придонес кон глобалните трендови на отворање кон јавноста на податоците кои се потребни за поголема транспарентност и демократска контрола врз властите, посуштинско учество на граѓаните во носењето на одлуките за јавните политики, унапредување на приватните и претприемачките иницијативи и иновации, подобрување на јавните услуги итн.

На авторите на текстовите во оваа публикација им благодариме за придонесот, а на сите вам – за досегашната поддршка, соработка и инспирација.