ТРОШКИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ
Целта на ова истражување е да ги мапира карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, да се утврди нивото на транспарентност и отчетност на општините, да се согледаат проблемите и слабостите во процесот, како и да се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.
Водени од идејата дека застапувањето за потранспарентна и поефикасна поддршка на невладините организации од страна на општините ќе биде поефикасно доколку се базира врз детален приказ на актуелната состојба, ја втемеливме оваа анализа врз обработка на податоците за сите средства доделени од страна на единиците на локалната самоуправа за финансирање на невладини организации и за начинот на којшто е спроведен процесот во 8 општини, во секоја општина поединечно (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Штип и Чаир), чии средства доделени од буџетската ставка 463 изнесуваат третина од вкупно доделените средства од страна на сите ЕЛС во земјата.
Ова истражување на Центарот за граѓански комуникации е реализирано во рамките на проектот „Заштита од корупција“,финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.