ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Микропретпријатија од 36 општини се обучуваат за јавните набавки

on .

СТРУМИЦА, 27 септември 2014 година – Претставници на стотина фирми од 35 општини од источниот, југоисточниот, североисточниот и од вардарскиот регион учествуваат на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки која се одржува во Струмица. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.

Конференцијата е можност за размена на искуства од учеството на фирмите на тендерите и за идните предизвици кои им стојат на патот кон поголемо и посоодветно учество на пазарот на јавни набавки.

Конференцијата е дел од Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје, во партнерство со невладините организации Фокус од Велес и ЕХО од Штип. Проектот го олеснува пристапот на микропретпријатијата до пазарот на јавните набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации.

Воедно на државните институции проектот им овозможува да постигнат пониски цени и повисок квалитет за купените производи, услуги и работи, преку поголема конкуренција во јавните набавки.

Проектот се спроведува во периодот од 2012 до 2015 година и во него се вклучени повеќе од 300 микропретпријатија на кои им се овозможуваат бесплатна обука, секојдневна асистенција и стручни консултации во сите фази од учеството во постапките за јавни набавки што ги спроведуваат договорните органи од вклучените региони. Притоа, секое микропретпријатие вклучено во проектот има можност да дојде во еден од двата центра за поддршка (сместени во Штип и во Велес) каде му се нуди конкретна асистенција при учество во постапка за јавна набавка или, пак, на повик од претпријатието мобилните тимови од асистенти одат во просториите на претпријатието и таму му ја даваат потребната помош.

Печати
PDF

Институциите за исти производи и услуги плаќаат цени со големи разлики

on .

СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.

Најголема разлика во цените е евидентирана при набавката на услугата за ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти, а најмала разлика во цените е констатирана во набавката на услугата за асфалтирање на улици .

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • електричната енергија е купувана по цени кои се движат од 3,46 денари до 6,25 денари за 1 KWh, со што највисоката цена е за дури 81% повисока од најниската;
  • вакцината против тетанус од 0,5 мл ги чинела здравствените институции од 37,14 до 74,87 денари, со што највисоката цена е за 102% повисока од најниската;
  • асфалтирањето улици ги чинело општините од 757 до 1.239 денари за м2, што значи дека највисоката цена е за 64% повисока од најниската;
  • ангажирањето механизација за уривање бесправно изградени објекти (камион со дигалка од 8 тони) ги чинело општините од 2.588 денари до 7.678 денари за 1 час, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 2 пати поголема од најниската цена и
  • ангажирањето работници за уривање бесправно изградени објекти ги чинело општините од 177 до 512 денари за 1 час, со што највисоката цена е за 189% повисока од најниската.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година. Некои од клучните наоди се:

  • Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН). Во првото полугодие од 2014 година се доставени 330 жалби што претставува зголемување за 13,4% во однос на истиот период лани. Воедно, за првпат по неколку години, во донесените решенија на ДКЖЈН доминираат одлуки за прифаќање на жалбите.
  • Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлањето на нивните понуди се административни пропусти, како и неисполнување на поставените услови во тендерската документација.

  • Новите законски решенија кои стапија на сила од јануари 2014 година ги дадоа очекуваните резултати во однос на намалување на преговарањата без претходно објавување на оглас, но сè уште се неефикасни во однос на намалување на поништувањата. Во вториот квартал од 2014 година со преговарање се склучени договори во вредност од 10,5 милиони евра, а поништени се 22,4% од огласените тендери.

  • Конкуренцијата на тендерите и натаму не е на задоволително ниво. Електронска аукција беше одржана во 47% од постапките во мониторираниот примерок.

Извештајот од мониторингот може да се преземе овде. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Наоди од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 25 јули 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од јануари до март 2014 година. Некои од клучните наоди се:

  • Вредноста на договорите склучени преку преговарање без претходно објавување оглас бележи голем пораст во првото тромесечје од годинава, во пресрет на стапувањето на сила на законските измени со кои склучувањето на дел од ваквите договори би требало да биде намалено. Само во првиот квартал од 2014 година, преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас се склучени 228 договори во вредност од 19,3 милиони евра.
  • Со оглед на природата на набавките кои беа доминантни во првиот квартал од годинава, компјутерска опрема, канцелариски материјал, осигурителни услуги, авиобилети, одржување хигиена итн., конкуренцијата во набавките беше на повисоко ниво од просекот евидентиран низ мониторингот во 2013 година. Дел од институциите и натаму учеството на тендери го условуваат со докази дека фирмата работи со профит.
  • Елементите врз основа на кои се евалуира квалитетот на набавките и натаму претставуваат слаба алка во системот.
  • Бројот на фирми кои имаат забрана за учество на тендери, заклучно со март 2014 година, достигна 45. Регистриран е случај на фирма која веќе има забрана што е подолга од законскиот максимум од пет години.

Извештајот може да се преземе овде.