ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи

on .

Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи

СКОПЈЕ, 16 март, 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година кој ги покажа следниве констатации:

-Долгоочекуваната и, за фирмите, посакувана новина во јавните набавки – задолжителното објавување на проценетата вредност на набавките, се чини дека за договорните органи е сè уште жежок костен во рацете со којшто, голем дел од нив, не знаат како да се справуваат. Имено, бројни се примерите на тендери во кои настанале одредени проблеми при спроведувањето, а причините за тоа да водат до проценетата вредност на набавката.

-Серијата измени во регулативата на јавните набавки, барем во првите месеци од примената, не влијаеле врз зголемување на конкуренцијата кај тендерите на локално ниво. Просечно, на мониторираните тендери, имало  по 2,7 понудувачи, а 38% од тендерите биле со една или со ниедна понуда.

-По повеќе од двегодишно стабилизирање на околу 15%, поништувањето на тендерите на локално ниво повторно е во пораст и изнесува 20%. За разлика од порано, кога главна причина за поништувањето беше немањето понуди, сега главна причина се неповолните цени.

-Просечното времетраење на постапките за јавни набавки од мониторираниот примерок – од објавување на огласот до склучување на договорот – изнесува 33 дена, што е мало подобрување во однос на претходниот период. Но, се зголемува времетраењето на тендерите воопшто – од донесувањето на одлуката да се набави нешто до склучувањето на договорот.

-Во некои набавки, предметот на набавка е толку детално специфициран што упатува на конкретен производ, иако е тоа законски забрането и ограничено и постојано се укажува дека е лоша практика која фаворизира одредени понудувачи.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Јавните набавки во регионот: законите различни, проблемите исти

on .

СКОПЈЕ, 27 ноември 2014 година – Денеска во Скопје се одржа конференција за актуелните состојби во сферата на јавните набавки во Македонија и во земјите од регионот. Повод за дискусија беа резултатите од споредбената анализа на спроведувањето на јавните набавки во четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, чии вкупни набавки на годишно ниво изнесуваат околу 5 милијарди евра.

Преку следење на конкретни, истородни, постапки за јавни набавки, анализата укажува на добрите и лошите страни во системите на јавни набавки на четирите вклучени држави во сите фази на тендерите – од планирањето до нивната реализација.

„Меѓу слабите точки детектирани со анализата се: неадекватното планирање на набавките, малата конкуренција, дискриминаторските услови за учество на тендерите, отсуството на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки, како и ниското ниво на свесност кај државните институции за поголема отчетност за трошењето на јавните пари“, истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации – Скопје, организација која го спроведе истражувањето за Македонија.

Според директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска „споредено со земјите од регионот, Македонија отскокнува од аспект на високото ниво на поставеност и функционирање на системот за јавни набавки. Во наредениот период треба да се вложи особено внимание во реализацијата на договорите за јавни набавки, а поактивни треба да бидат и самите понудувачи во заштитата на своите права“.

Универзитетскиот професор Никола Тупанчески истакна дека „казните во Законот за јавни набавки се премногу остри и неусогласени со Кривичниот законик“.

Посебен акцент на конференцијата беше ставен на новите правила на ЕУ за јавните набавки и отстапувањето на новите измени во законите за јавни набавки во дел од земјите од Западен Балкан од новите европски директиви. Посочени се значајни разлики во оваа смисла кои треба да се имаат предвид во подобрувањето на законските регулативи.

Конференцијата е дел од регионалниот проект „Кон ефикасни механизми во јавните набавки во државите (потенцијални) кандидати за членство во ЕУ“ што го спроведуваат шест невладини организации од Македонија, Србија, БИХ, Црна Гора и Словачка. Проектот е финансиран од ЕУ, во рамките на ИПА програмата за „Поддршка на граѓанското општество“.

Печати
PDF

Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки

on .

СКОПЈЕ, 17 ноември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Чешка Република.

Истражувањето за искуството во јавните набавки беше спроведено во периодот јуни-јули 2014 година, со учество на 267 фирми од сите поголеми градови и региони во земјава. Анкетата со фирмите ги даде следните наоди:

  • Главните проблеми со кои се соочуваат фирмите во јавните набавки се: обемноста на документацијата што се бара за учество на тендерите, задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки и приспособувањето на условите за учество на тендерите за да одговараат само на одредени понудувачи.
  • Фирмите што реализирале договори за јавни набавки просечно чекаат по шест месеци за наплата на побарувањата од тендерите.
  • Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.
  • Високите трошоци и недовербата кон жалбената постапка се главните причини поради кои 93% од анкетираните фирми ретко или никогаш не вложуваат жалби.
  • Фирмите го оценуваат со 2,86 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) целокупниот процес на јавни набавки во земјава, што е минимално подобрување на оценката од пред две години, која изнесуваше 2,84.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.

Печати
PDF

Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

on .

СКОПЈЕ, 17 октомври, 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2013 до март 2014 година кој ги покажа следниве констатации:

- Oткако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени со што се доведува до прашање квалитетот на реализацијата на договорот.

- Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Некои државни институции не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за склучените договори за јавни набавки, а други, пак, не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

- Само неколку месеци пред стапувањето на сила на законските одредби (октомври до декември 2013) со кои објавувањето на тендерската документација стана задолжително (од јануари 2014), а поставувањето услови за учество на тендерите – отежнато и казниво (од мај 2014), во 45% од мониторираните тендери не се објавила тендерската документација, а во дури 60% се поставени високи услови за учество на фирмите на тендерот.

- Поништувањето на тендерите не престанува да претставува проблем во јавните набавки. И во овој мониториран период процентот на поништени тендери се движи околу, веќе просечните за тендерите на локално ниво, 15%.

- Рокот за донесување одлука за избор се почитува, но се одолжува потпишувањето на договорите.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на труд. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук страната www.facebook.com/USAIDMacedonia.