ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Print
PDF

Повик за истражувачки стории за новинари од локални медиуми

on .

There are no translations available.

Скопје, 1 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Во рамките на овој повик 3 новинари од локални медиуми од општините Битола, Кичево и Неготино ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени кон прашањата поврзани со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните власти, како и на проблемите предизвикани од корупцијата. Областите за истражување може да бидат - јавните набавки, доделувањето на градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште, користењето на спортските објекти, доделувањето средства од буџетот на општините, транспарентност во работењето на локалните институции, работењето на локалните јавни претпријатија итн.

Print
PDF

Соопштение за јавноста

on .

There are no translations available.

ЗАСТАРЕНИ ГУП-ови, ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ ДУП-ови И ГОЛЕМ БРОЈ ДИВОГРАДБИ

Денес, 29 февруари 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија  формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.

Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

  • Наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините ГУП-от не е сменет и по повеќе од 20 години. Ненавременото ажурирање и изготвување нови ГУП-ови создава ризик од непланско управување со градежното земјиште и од загрозување на јавниот интерес и квалитетот на животот.
Print
PDF

Истражување за можностите за здравствена заштита во 30-те здравствени центри во земјава

on .

There are no translations available.

СКОПЈАНИ СО НАЈГОЛЕМИ, А КРУШЕВЧАНИ СО НАЈМАЛИ МОЖНОСТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ЗЕМЈАВА

Денес, 5 февруари 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава.

Истражувањето покажа дека:

» Највисоки можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево.

»  Има огромни разлики во можностите,  односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови во земјава.

»  Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево.

»  Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка.

Print
PDF

Истражување за капацитетите на итната медицинска помош

on .

There are no translations available.

НА ЗЕМЈАВА Ѝ НЕДОСТИГААТ 52 ТИМОВИ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, ЗА ДА СЕ ЗАДОВОЛИ ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ

Денес, 25 декември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за капацитетите на итната медицинска помош во земјава. Истражувањето покажа дека:

» Во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа.