Истражување: Процес на доделување Б-интегрирани еколошки дозволи
Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава. Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021 – 2025) се вели дека овој сектор добива на значење во последните години, поради воведувањето различни еколошки и други дозволи кои деловните субјекти треба да ги имаат за да можат да ги започнат/вршат своите оперативни активности. Истражувањето е поттикнато од ризикот од корупција во текот на процесот, којшто ја наметнува неопходноста од анализирање на постојните практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури.
Преземете го истражувањето на Македонски јазик.
Преземете го истражувањето на Албански јазик.
Преземете го истражувањето на Англиски јазик.








Скопје, 19 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.