Објавени мерките за намалување на корупцијата во јавните претпријатија и установи
Центарот за граѓански комуникации на 23 јули ги објави предлог мерките за намалување на корупцијата во јавните претпријатија и установи. Потребата од преземање на мерки доаѓа од високиот степен на корупција која беше детектирана во овој сектор, овозможена од слабата регулатива и политизацијата на овој сегмент. Сево ова резултираше со ниска продуктивност и загуби во работата на јавните претпријатија и установи, како и во намалување на квалитетот на услугите кои тие ги нудат на граѓаните и бизнис заедницата.
Воглавно, предложените мерки се во насока на зацртување на подетални критериуми за селекција и назначување на членови на управните/ надзорните одбори на јавните претпријатија и институции, почитување на професионализмот во оваа област како и зголемување на одговорноста на членовите од управните органи за постигнатите резултати од нивната работа.
Предлог мерките може да ги погледнете и превземете од делот извештаи на страницата на Центарот за граѓански комуникации или овде.