Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител
Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител
СКОПЈЕ, 16 март 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето спроведено во рамките на редовниот мониторинг на јавните набавки на институциите на локално ниво, а кое се однесува на вкупните трошења за јавни набавки на сите општини во Република Македонија во 2013 година. Истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:
-80-те општини во земјава, без Град Скопје, вкупно во 2013 година, преку јавни набавки потрошиле 6,2 милијарди денари, односно 101,3 милиони евра.
-Најмногу пари за јавни набавки во 2013 година потрошила Општина Аеродром, и тоа околу 628 милиони денари, односно 10,2 милиони евра, додека, пак, најмалку Општина Центар Жупа, чијашто годишна вредност на јавните набавки е 1,1 милион денари, односно 19 илјади евра.
-Во 2013 година е регистриран пад на јавните набавки на општините во однос на претходната година за 38 милиони евра, односно за 27%.
-Општините во 2013 година трошеле за јавни набавки од 2 до 276 евра по жител. Гледано по жител, општинските разлики во 2013 година се поблаги во однос на 2012 година, кога се движеа од 2 до 412 евра.
-Општина Центар го загуби приматот од претходната година, кога беше апсолутен победник и во вкупната вредноста на јавните набавки и во рангирањето на трошоците за јавни набавки по жител.
-Уделот на јавните набавки во буџетите на општините во 2013 година се движи од 1,8% до 77,7%. Констатираните разлики и во однос на овој параметар повторно упатуваат на голема несразмерност во општините.
-Исклучително мали суми на јавни набавки по жител, но и како удел во буџетите, трошат и две големи општини, Тетово (8 евра по жител) и Куманово (7 евра по жител).
Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .