Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование
Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 %
Скопје, 2 септември, 2024 година | Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави истражувањето и базата на податоци за движењето на бројот на ученици во земјава во последните десет учебни години. Податоците покажуваат дека:
- Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 %.
- Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици.
- Во основното образование има 10 илјади помалку ученици.
- Во основните училишта, најголемо намалување на бројот на ученици од дури 57 % има во Ново Село, а кај средните во Пехчево каде само за десет години има 83 % помалку ученици.
- Бројот на наставници, пак, во основно образование расте, а во средно има мало намалување.
Во базата на податоци се наоѓаат податоците за секоја општина, по години и по одделенија. Целото истражување можете да го симнете на овој линк.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.