ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - Балкан тендер воч (2018-2022)
Print
PDF

Балкан тендер воч (2018-2022)

on .

There are no translations available.

Проектот го спроведуваат во партнерство: Фондацијата за отворено општество Србија (како водечка организација) и Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Косовската Фондација за отворено општество, Центарот за граѓански комуникации, Македонија и Мрежата за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата за „Консолидирање на тематски регионални мрежи на организации од граѓанското опшество“.

Проектот го зголеми влијанието на граѓанското општество од земјите од Западниот Балкан врз антикорупциските политики и практики за време на целиот циклус на јавни набавки, со искористување на евроинтеграцијата како трансформативна агенда. Со акцијата беа опфатени четири главни целни групи со цел да се постигнат поставените цели во сите земји-учеснички: 1) граѓански организации, медиуми и новинари; 2) владите и јавните институции; 3) бизнис-секторот; 4) институциите на ЕУ кои учествуваат во процесот на проширување.

Специфичните цели на проектот се: Зголемување на антикорупциската заедница во Западниот Балкан за засилување на иницијативите за застапување засновано врз факти, како и мониторинг врз јавните набавки и политиките во оваа област; Влијание врз владите од Западниот Балкан да воведат реформи насочени кон воспоставување на одговорни системи на јавни набавки усогласени со правилата на ЕУ и градење на сојузи со јавните институции кои сакаат да се вклучат во реформите; Обезбедување на сеопфатни и навремени информации за состојбата во јавните набавки поврзани со интеграцијата во ЕУ во поглавјата 5, 8 и 23, со што се подобрува влијанието на `грасрут` и други видови на граѓански организации кои работат на донесување на позитивни промени на локално ниво.

Со акцијата се постигнаа следниве резултати:
- Креирање на инструмент за споредување (бенчмарк) со цел да се идентификуваат ранливите точки на корупција во системите за јавни набавки, којшто ќе биде имплементиран и широко користен од граѓанските организации, медиумите и другите засегнати страни;
- Рангирање на петте системи за јавни набавки на земјите од Западниот Балкан и постигнување напредок од година во година, според методологијата на инструментот за споредување (бенчмарк)
- Изготвени и дисеминирани годишни извештаи во сенка врз основа на докази за состојбата на работите и напредокот во јавните набавки во пет земји од Западен Балкан;
- Најмалку 50 граѓански организации од петте земји активно ги следат јавните набавки, ги идентификуваат проблемите и предлагаат решенија;
- Владите и другите засегнати страни обезбедени со детална проценка на ранливоста на корупцијата во системите за јавни набавки и препораки за надминување на идентификуваните проблеми.