Јавна администрација: Корупција под закрилата на бирократската бавност, неусогласените процедури и арбитражното одлучување
Бавноста на администрацијата на државно и на локално ниво, недоволно јасните и неусогласени критериуми за одобрување на дозволи и решенија, широкиот простор за арбитрарно одлучување, како и нетранспарентните постапки претставуваат клучни генератори на корупцијата во процесот на давање услуги на граѓаните од страна на општинската и државната администрација. Иако сумите пари што протекуваат низ поединечните коруптивни случаи генерално се мали, сепак овој облик на корупција е толку широко распространет и навлезен и во најситните пори на општеството што вкупно земено прераснува во сериозна сума пари која се стекнува нелегално.
Преземете го целиот извештај (PDF формат, 101 KB)