Истражување на последиците од кризата во 2022 во Буџетот на РСМ
Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година иницијално е усвоен со проектирани расходи на ниво од 284 милијарди денари (4,6 милијарди евра). Со измените и дополнувањата на буџетот извршени во јули 2022 година, расходите се зголемени за 5,73 %, односно за 16 милијарди денари (265 милиони евра). По ребалансот од месец јули, во ноември и декември 2022 година донесени се и две одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Буџетот е реализиран на ниво од 96,28 %, односно во износ од 291 милијарди денари (4,7 милијарди евра).