ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - Кон отчетни јавни претпријатија (2020-2021)
Печати
PDF

Кон отчетни јавни претпријатија (2020-2021)

on .

Проектот го засилува интегритетот и ги намалува ризиците од корупција во јавните набавки во претпријатијата основани од државата и од локалната самоуправа преку идентификување на слабостите и и спроведување мерки за нивно надминување. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.


До крајот на проектот се очекува:

- да се идентификуваат генераторите на корупцијата во сите фази од јавните набавки на претпријатијата;

- да се постават стандарди/таргети за подобрување на отчетноста и интегритетот во јавните набавки;

- да се воспостави одржлив механизам за подобрување на начинот за спроведување на јавните набавки од страна на таргетираните претпријатија.

Проектот се спроведува кај 35 јавни претпријатија и акционерски друштва основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

Проектот ги опфаќа следните активности:

  • Мапирање на ризиците од корупција во сите фази во постапките за јавни набавки, преку мониторирање на избран примерок на тендери, изработка на индекс на рационалност и пресметка на релевантни индикатори за оценка на отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки.
  • Индивидуален скрининг на претпријатија за идентификување на ризиците од корупција и за проценка на капацитетот за спроведување на јавните набавки (кадровски потенцијал и внатрешни правила).
  • Градење на капацитети на таргетираните претпријатија за подобро спроведување на јавните набавки (работилници и обуки) што треба да резултира и со развој на индивидуални планови за интегритет во јавните набавки.
  • Застапување за законско, економично, ефикасно и ефективно спроведување на јавните набавки и намалување на корупцијата преку објавување на наодите од длабинското мапирање на ризиците од корупција во сите фази на јавните набавки и презентација пред сите засегнати страни и пред пошироката јавност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари.