ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Индекс на рационалност 1
Печати
PDF

Индекс на рационалност 1

on .

Индекс на рационалност 1

ГЕНЕРАЛЕН ЗАКЛУЧОК

Индексот на рационалност се пресметува за првпат во Македонија и тој би требало да претставува еден вид инструмент на државните институции за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно во трошењето на јавните пари.

Во оваа прва анализа, индексот на рационалност е пресметан за пет предмети на набавки. Кај секоја од нив индексот покажува значајни разлики во цената, односно во вредноста по која различни државни институции ги купуваат анализираните производи и услуги. Соодносот меѓу најниската и највисоката цена кај еден час зимско одржување изнесува 1 : 2,5, кај еден тон индустриска сол е 1 : 5,5, кај еден топ стандардна хартија за фотокопирање изнесува 1 : 2, кај попустите во цената на маслото за греење ЕЛ-1 тој е 1 : 4, а во вредноста на склучените договори за новогодишно украсување изнесува 1 : 30. Притоа, треба да се има предвид дека кај најголем дел од анализираните случаи, наспроти економските законитости, пониските цени не се постигнати за купување на поголеми количини. Сево ова е показател дека државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално.

Освен разликите во цените, анализата покажува дека постојат големи разлики кај државните институции во условите под кои ги спроведуваат набавките на исти производи и услуги.

Имајќи го ова предвид, се наметнува потребата државните институции подетално да го истражуваат пазарот пред да ги објавуваат тендерите и да изберат пристап при набавките што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.