Извештај бр.3 од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот
Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
Главните наоди за овој мониторинг период вклучуваат:
- Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори.
- Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми.
- Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче.
- За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.
- Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.
- Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици.
За поцелосен увид на јавноста во набавките поврзани со КОВИД-19, брифовите се проследени и со објавување преглед на договорите и одлуките за избор во отворен формат на веб-платформата на Центарот за граѓански комуникации, www.opendata.mk.
---------------------------------------------------------
Линкови до првиот извештај објавен на 06.04.2020 година: Бриф број 1 и до базата на податоци на 06.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 06.06.2020
Линкови до вториот извештај објавен на 22.04.2020 година: Бриф број 2 и до базата на податоци на 22.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 20.04.2020 година.