ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Извештај во сенка за јавните набавки 2019
Печати
PDF

Извештај во сенка за јавните набавки 2019

on .

По критиките што доаѓаа од сите засегнати страни – стариот и нефункционален Закон за јавните набавки, што се применуваше од 2008 година и којшто многупати беше менуван и дополнуван – конечно беше заменет со целосно нов Закон, којшто беше донесен во јануари 2019 година, а почна да се применува од 1 април 2019 година.

Со новиот Закон за јавните набавки, освен хармонизацијата со Директивата на ЕУ за јавните набавки од 2014 година, се направи обид и за „поправање“ на низата проблеми во системот на јавни набавки на Северна Македонија.

Главно, се сменија двата проблеми кои беа посочувани од сите вклучени страни како најголеми во стариот закон, а тоа се најниската цена како единствен критериум за доделување на тендерите и задолжителната електронска аукција. Покрај најниската цена, се воведоа и други елементи за избор, а е-аукцијата стана опционална, со идеја да се користи онаму каде што има стандарден и воедначен квалитет и е логично изборот да се прави врз основа на цената.

Со новиот Закон се воведе и т.н. управна контрола што ја спроведува Бирото за јавни набавки, и тоа задолжително на тендерите над 500.000 евра за стоки и услуги и на оние над 2.000.000 евра за работи; врз основа на проценка на ризици и по случаен избор на тендери.

Генерално, со новиот Закон се либерализираа јавните набавки и се воведоа нови можности за договорните органи да го набават тоа што навистина им треба, добивајќи притоа најдобра вредност за потрошените пари. И со Законот, но и претходно, се воведоа низа мерки за зголемување на транспарентноста во јавни набавки.

Сепак, следењето на спроведувањето на јавните набавки во првите седум месеци од примената на новиот Закон покажува дека набавките сè уште се спроведуваат според старата и лоша практика, односно како ништо да не се променило.

Во овој период, сè уште во 97 % од тендерите се применува најниската цена како критериум за избор на најповолната понуда; во повеќе од 90 % се применила електронска аукција; конкуренцијата не е значително подобрена; поништени се повеќе од 30 % од тендерите; на секој петти тендер немало ниту една понуда; на секој трети тендер имало по една понуда; а има и бројни извештаи на медиумите и на граѓанските организации за проблематични тендери.


Претставниците на договорните органи наведуваат главно три причини за ваквите состојби: незнаењето за тоа како да ги користат можностите што ги нуди новиот Закон; стравот што постои меѓу нив од грешки и соодветни последици; и нивната немотивираност, пред сè, во однос на одговорноста што ја имаат.

На системско ниво, надлежната институција, Бирото за јавни набавки, не ги зголеми своите капацитети за да може соодветно да одговори на зголемените ингеренции, особено во однос на  побрза и навремена изработка на мноштвото подзаконски акти во согласност со новиот Закон за јавни набавки, како и на целосно и ефикасно спроведување на новововедената екс анте управна контрола врз спроведувањето на тендерите. Сè уште недостигаат и модели на тендерски документации за сите видови постапки, како и детален прирачник за примена на ʼекономски најповолната понудаʻ според истиот тој нов закон. Нема ниту почести наменски обуки за лицата за јавни набавки.

Освен тоа, отсуствуваа и пошироки јавни консултации за изработка на подзаконските акти, како и за новиот Закон за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста донесен во август 2019 година.