ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки (2017-2019)
Печати
PDF

Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки (2017-2019)

on .

Проектот овозможува поактивно учество на граѓанските организации во подобрувањето на регулативата и примената на најдобри практики за намалување на корупцијата и за зголемување на ефективноста во јавните трошења. Исто така проектот е насочен кон унапредување на разбирањето меѓу засегнатите страни и граѓаните на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавните трошења.

Се очекува проектот да резултира со: воспоставена мрежа од граѓански организации кои го мониторираат спроведувањето на јавните набавки користејќи унифицирани алатки за мерење и проценка на почитувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки и нивно спроведување според потребите на граѓаните; годишно рангирање на околу 100 државни институции на национално и на локално ниво според исполнувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки; изработка и објавување на препораки врз основа на длабочинско истражување и широки консултации со засегнатите страни; засилен јавен притисок за унапредување на регулативата и практиката на јавните трошења.

Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации - Скопје, во партнерство со Фондацијата Фокус - Велес, а е финансиски поддржан од програмата на ЕУ за поддршка на организациите од граѓанското општество во рамките на Civil Society Facility Action 2015, бр. на договор IPA/2016/382-842. Вкупната вредност на проектот изнесува 298.840 евра.