Индекс на рационалност 14
Четиринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- метални архивски ормани,
- јаглен,
- училишни столчиња,
- заштитни гумени чизми и
- чистење речни корита.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2014 и 2015 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 70 институции, кои за набавките на овие стоки и услуги спровеле 74 тендери.