Индекс на рационалност 10
Десеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- училишни клупи;
- гуми за патнички возила;
- ризла за одржување патишта;
- стручен надзор при градежни работи и
- медицински азотен оксид N20.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка во 2013 година.
Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 72 институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цените на производите и услугите на вкупно 43 институции.