Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2009
Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија (.pdf)
Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Вечер, Време, Утрински весник и Факти*). Предмет на анализа во рамките на овој проект се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен весник.
Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомничења за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики. Мониторингот се спроведе во периодот јануари-мај 2009 година. Објавените написи и нивната содржина, меѓудругото, се анализираа од следниве аспекти:
- Страница на која е објавен текстот;
- Големина на текстот;
- Најава на текстот на насловната страница;
- Илустрации на текстот;
- Автор на текстот;
- Жанровска припадност на текстот;
- Број, статус, официјалност и локација на изворите во текстот;
- Фер и балансиран пристап;
- Повод за написот;
- Областа во која е примерот на корупција;
- Актот на корупција;
- Поседување на документи и докази за потврда на тврдењето за корупција,
- Припадност на актерот на корупција (сегашна или поранешна власт).
Имајќи ги предвид опфатот, обемот и начинот на мониторирање, станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава кој нуди релевантни квантитативни и квалитативни показатели за начинот на кој медиумите информираат за корупцијата.