ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Зошто билтен?
Print
PDF

Зошто билтен?

on .

There are no translations available.

Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, и на централно и на локално ниво.

Фокусирани сме на спроведување на два вида меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава.

Во текот на секојдневното работење, ние и експертите со кои соработуваме доаѓаме до многубројни информации за корупциски и антикорупциски практики кај нас и во земјите од регионот и светот.

Со објавувањето на овој месечник за антикорупција и „добро владеење“ сакаме да ги поделиме тие информации со пошироката јавност, пред сè со претставниците на јавната администрација за кои сметаме дека се и најодговорни за борба против корупцијата и за воспоставување и почитување на принципите на „доброто владеење“.

Истовремено, нудиме и експертски анализи кои можат да послужат како извори на идеи и примери за подобрување на сегашната состојба со корупцијата во Македонија.

Отворени сме и сакаме да ни ги испраќате вашите мислења, идеи и ставови за антикорупциски теми и за практики на „доброто владеење“, но и да ни посочите на коруптивни практики и воопшто на постоење на простор за корупција. Тоа ќе ни послужи како основа за натамошно артикулирање на тие практики и проблеми, но и како помош при спроведување на нашите идни антикорупциски активности.

Корупцијата е едно од најголемите зла во Македонија, која ги уназадува развојот и напредокот на економијата, општеството и на луѓето кои живеат во него, ги нарушува конкуренцијата и слободното дејствување на фирмите на пазарот, го оневозможува владеење на вистинските вредности во животот и во работата, ги принудува младите и образовани луѓе да ја напуштаат земјава и овозможува незаконски бенефиции и богатење на државни функционери на сметка на осиромашување на другите луѓе и на уништување и злоупотреба на јавните добра.

Затоа, посочувајќи на корупциските практики и нудејќи идеи, добри примери и решенија од земјава и од странство, сметаме дека овој месечен билтен во крајна линија ќе придонесе за намалување на корупцијата во земјава и за унапредување на „доброто владеење“.

Месечникот се издава во рамки на годишната програма на Центарот за граѓански комуникации, која е
поддржана од Програмата “CIVICA Mobilitas” а имплементирана од Центарот за Институционален Развој
(ЦИРа) и е финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC), претставена од Швајцарската
Канцеларија за Соработка во Македонија, за што сме им искрено благодарни.