ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - МАК прв број
Печати
PDF

МАК прв број

on .

ВО ОВОЈ БРОЈ

Корупцијата е распространета насекаде во светот, особено во регионот на Балканот. Граѓаните на Црна Гора сметаат дека ја има најмногу во здравството, во Србија од годинава почна да работи Агенција за борба против корупцијата, а новоизбраниот претседател на Хрватска победи како антикорупциски кандидат. Угледниот британски весник Фајненшл Тајмс ја повикува ЕУ да ја поддржи борбата против корупција во балканските земји. Шпанија никако да стави крај на скандалите со корупција во градежништвото на локално ниво, а во Кина се проценува дека во последните 30 години јавните функционери ставиле в џеб 50 милијарди долари. Овие вести се на првите страници од овој месечник.

Во продолжение, антикорупцискиот експерт Вања Михајлова ја анализира и споредува улогата и независноста на антикорупциските тела во земјите од регионот и нуди препораки за унапредување на ефикасноста на ова тело кај нас.

Следи краток приказ на резултатите од неодамнешното истражување кое покажува дека медиумите во земјава не ја играат својата општествено важна улога во борбата против корупцијата, како и препораки за мерки што треба да се преземат за попрофесионално, понезависно и пообјективно известување за овој сериозен проблем.

Во фокусот на овој број се и јавните набавки. Годишното истражување на процесот на јавни набавки кај нас покажува дека сè уште постои сериозен простор за злоупотреба и неефикасно трошење на јавните пари.

Експертот за јавни набавки Дарко Јаневски ги анализира предностите и слабостите од примената на електронските набавки од аспект на нивната улога во намалување на корупцијата.

Воведување на надзор и контрола во јавните набавки кај нас препорачува во својот став, Мирослав Трајановски, правен експерт за јавни набавки.

Се надеваме дека понудените теми ќе го предизвикаат вашиот интерес и ќе придонесат секој од нас, во областа на своето работење, да помогне во поголема и подоследна примена на принципите и начелата на доброто владеење.


Месечник за антикорупција МАК