ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - МАК деветти број
Печати
PDF

МАК деветти број

on .

Во овој број

Корупцијата во приватниот сектор и борбата против неа е тема за која се почесто се зборува во светот, а за која пишувавме и во едно од минатите изданија на месечникот. Соочена со корупциски скандал во Америка, каде се откри дека плаќала поткуп од милиони долари на влади ширум светот за да добие договори за јавни набавки, реномираната автомобилска компанија Даимлер сега ќе отвора специјално работно место за директор кој ќе внимава дали компанијата ги почитува законите и деловната етика во своето работење.

Во Хрватска, пак, приведен е првиот цариник во државата и до скоро главен благајник на владејачката парија под сомнение дека терал државни институции да најмуваат една фирма за ПР услуги без притоа да спроведат постапки за јавна набавка.

Во соседна Србија – една интернет новинска агенција објави т.н. ценовник на корупцијата, односно список со јавни услуги и митото што се плаќа за нивно добивање. Податоците се земени од јавувањата на граѓаните на скоро отворениот интернет-портал за пријавување на случаи на корупција Pištaljka. Според овој ценовник, за завршување факултет без да се полагаат испитите треба да се плати мито од 16.000 евра, легализирањето на куќа чини 20.000 евра, а вработување на лекар и до 8.000 евра. Најкорупирани според овој список се лекарите, а економистите тврдат дека економската криза ја зголемува корупцијата.

На 28 септември, светот го одбележа денот на слободниот пристап до информации од јавен карактер или како што е наречен „Меѓународен ден на правото да се знае“. Вистински повод за анализа колку Македонија е блиска до меѓународните стандарди за слободен пристап до јавни информации. Анализата нуди и неколку конкретни сугестии за решенија што можат да се применат и кај нас за поцелосно остварување на ова, едно од најсуштинските граѓански права.

Во продолжение уште една анализа - за жалбениот процес во јавните набавки. Главна забелешка која произлегува од оваа анализа е дека растат одлуките на Државната комисија за жалби по јавни набавки за целосно поништување на постапките, што упатува на зголемување на повредите и на злоупотребите на Законот за јавни набавки од страна на договорните органи. Во скоро половина од уважените жалби на економските оператори, Државната комисија за жалби по јавни набавки донела решенија за поништување на постапките, што се донесува кога се констатираат посериозни повреди на законот за јавни набавки.

Соочена со голем број претставки од граѓани од областа на урбанизмот и градежништвото, Државната комисија за жалби по јавни набавки на почетокот од октомври реши да организира јавна дебата со претставници на сите вклучени страни за да извлече заклучоци и препораки за намалување на корупцијата во оваа област. Во овие препораки се вклучени и дел од препораките на кои укажуваше Центарот за граѓански комуникации уште пред неколку години.

На крајот објавуваме и неколку карикатури на тема корупција што специјално за нашиот месечник ги направија двајца еминентни домашни карикатуристи Јордан Поп Илиев и Петар Јанков.

Месечник за антикорупција МАК број 9