ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Недоволна транспарентност и отчетност на државните институции за јавните набавки
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Недоволна транспарентност и отчетност на државните институции за јавните набавки

flickr_albumid=[72157623090003191]

Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки. Во извештајот, меѓу другото, се констатира:

  • Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки.
  • Се зголемува бројот на државни институции кои до Бирото за јавни набавки не доставуваат податоци за направените трошења до 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно до 50.000 евра за набавка на работи.
  • Се продлабочува проблемот со одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Од вкупно 40 мониторирани постапки за јавни набавки во овој квартал, одлука за избор на најповолна понуда не е донесена во дури 13 случаи (33%), а временското одолговлекување на донесување одлука во овие постапки се движи од 50 до 120 дена.
  • Се ублажува проблемот со поништување на постапките за јавни набавки. Од мониторираните 40 постапки за јавни набавки, целосно или делумно се поништени 7 постапки или 17,5%, што претставува извесно ублажување на овој проблем во однос на претходниот квартал, кога беа поништени 25% од постапките.
  • Иако зголемено, користењето на електронскиот систем за јавни набавки во последниот квартал од 2009 година сè уште не е на задоволително ниво. Во 2009 година, преку Електронскиот систем за јавни набавки се спроведени само 2,5% од постапките, со што се доведува во прашање подготвеноста за остварување на законската обврска – од идната година, уделот на електронските аукции да изнесува 30% од вкупната вредност на јавните набавки.
  • Пораст на бројот на жалби по јавни набавки од страна на фирмите во последните 6 месеци. Економските оператори (фирмите) сè почесто ги оспоруваат одлуките за избор на најповолен понудувач на договорните органи (државните институции). Притоа, ДКЖЈН сè почесто ги уважува жалбите, односно ги наоѓа за основани (се уважува секоја четврта жалба). Ова укажува на фактот дека договорните органи сè повеќе ги прекршуваат законските одредби, односно прават грешки во постапките.

На презентацијата на извештајот, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски ја нагласија потребата од предвидување на санкции за договорните органи за непочитување на Законот за јавни набавки и од засилување на контролната функција на Бирото за јавни набавки. Трајановски подвлече дека “уставниот и правниот систем, како и правната култура во Македонија задолжително предвидуваат казнени одредби кога во нормативниот дел од законот се предвидени и овбрски, што не е случај и со Законот за јавни набавки“. „Оттука, според Михајлова, во евентуалните измени на Законот за јавни набавки треба да се стесни просторот за манипулации и фаворизирање на одредени понудувачи“.

Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.