Мрежа на истражувачки новинари

  • Даниела Трпчевска
    Медиум: Утрински весник, национален дневен весник; Глобус, неделен весник

    Резиме: Истражувачки новинар, уредник на редакцијата која покрива криминал. Еден од најдобрите новинари истражувачи во земјата и добитник на повеќе награди. Таа е дипломиран новинар, а работи веќе 12 години. Повеќепати учествувала на обуки за новинари во земјата и странство. Во својата секојдневна работа наоѓа начини како да ги усовршува истражувачките техники со кои се стекнала и како да дојде до сигурни независни извори.
  • Весна Коловска

    Медиум: Канал 77, национална радио станиц

    Резиме: Нејзината главна задача е репортер/уредник на дневното издание на вестите кои ги подготвува Канал 77. Досега соработувала на повеќе проекти на тема истражувачко новинарство и известување за корупција, особено на теми поврзани со урбаната градежна мафија и трговијата со луѓе. Како новинар работи 17 години и смета дека треба да се усовршува во сферата на истражување на корупцијата.
  • Дритон Дикена

    Медиум: Факти, дневен весник

    Резиме: Искусен новинар кој работел во повеќе телевизии и весници, но и како дописник. Главно работи во секторот за бизнис и социо-политички теми. Во неговото 8-годишно новинарско искуство покривал и истражувачки теми, но смета дека треба да се усовршува во полето на техники на собирање податоци. Дипломиран правник кој учествувал на повеќе новинарски обуки.
  • Срѓан Стојанчов

    Медиум: Радио слободна Европа, национална радио станица

    Резиме: Тој има кратко искуство, но ветува плодна новинарска кариера. До скоро новинар во дневен весник, а од сега радио новинар кој главно е посветен на политичкиот и бизнис секторот. Студира на Електротехнички факултет, а има диплома од Едногодишната школа за новинари на МИМ. Сака да научи повеќе за техниките во истражувачкото новинарство, особено во делот на приватизацијата и злоупотребата на правата на работниците.
  • Натали Н.Сотировска (1967-2012)

    Медиум: Дневник, дневен весник

    Резиме: Еден од водечките новинари во земјата кој покрива судство и внатрешна политика. Во поголемиот дел од својата 13 годишна работа како новинар работи во највлијателниот дневен весник во земјата. Таа е дипломиран новинар.
  • Даниела Саздова
    Медиум: Канал 21, локална телевизија; Лисица, он-лајн медиум

    Резиме: Работи како новинар осум години во локална телевизија во Велес, а пишува и за информативен веб портал.

     

    Дипломец на едногодишната школа за новинарство (ЕШН) на МИМ. Учествувала на обуки за новинари во земјата и странство во организација на BBC и IREX PRO MEDIA