ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - 35 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2020)
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

35 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2020)

on .

РАСТЕ ОТФРЛАЊЕТО НА ПОНУДИТЕ НА ФИРМИТЕ НА ТЕНДЕРИТЕ; СЕКОЈ ТРЕТ ТЕНДЕР СЕ ПОНИШТУВА

Денес, 28 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Од мониторингот на јавните набавки:

» Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди.

» Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка.

» Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности.

» Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво.

» Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.

Од овогодишната анкета на фирмите:

» Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда.

» Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми.

» 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки.

» 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки.

» Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

» Доминантни 60 % од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите.

 

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.

 

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете ги на YouTube, Твитер и Фејсбук.