ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување

on .

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на  претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“, како и по индивидуалните скрининзи на 37-те претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга, во коешто е даден приказ на клучните параметри што го отсликуваат начинот на којшто овие претпријатија ги спроведуваат јавните набавки, како и нивните кадровски капацитети и внатрешни политики. Слабостите констатирани низ сите претходно спроведени истражувања и анализи ја потврдија потребата од засилување на интегритетот и од намалување на ризиците од корупција во јавните претпријатија и во акционерските друштва.

Овие предлози се изготвени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, во периодот 2019 – 2021 година, чија крајна цел е воспоставување одржливи механизми за подобрување на начинот на спроведувањето на јавните набавки и за засилување на интегритетот во процесот на трошењето на јавните пари преку тендерите во претпријатијата основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.
Дел од предлог-препораките содржани во овој документ Центарот за граѓански комуникации ги достави и до Владата на Република Северна Македонија во текот на февруари 2021 година, во процесот на изготвување на Акцискиот план на Владата за борба против корупцијата.

Propozime për uljen e korrupsionit në prokurimet publike dhe avancimi i mënyrës së zbatimit të tyre